Skip to main content

Продолжува санацијата на големиот дефект на водоводната мрежа, и денеска дел од Охрид без вода

Станува збор за дефект предизвикан од пукање на водоводна цевка со профил Ф500 мм, кој настана вчера.
 |  инфодеск  | 

Поради продолжување на активностите за санација на голем дефект на водоводната мрежа во Охрид, денеска од 11:00 часот, во наредните неколку часа, без вода ќе останат корисниците на повеќе улици и населби во градот.

Станува збор за дефект предизвикан од пукање на водоводна цевка со профил Ф500 мм, кој настана вчера.

Прекинот во водоснабдувањето ќе ги опфати следните локации:

  • Улицата „Гоце Делчев“, на потегот од пресекот со улицата „Македонски Просветители“ до Здружението на возачи.
  • Сите споредни улици во населбите Кошишта, Воска и Далјан.
  • Дел од улицата „Абас Емин“.
  • Дел од булеварот „Туристичка“.
  • Улицата „Димитар Влахов“, вклучувајќи ги и сите споредни улици.
  • Улицата „Славеј Планина“.
  • Дел од улицата „Јане Сандански“.
  • Долниот дел од стариот град.

Од ЈП „Водовод“ – Охрид информираат дека нивните екипи се постојано на терен и работат на отстранување на дефектот, сè до целосно завршување на санацијата и нормализирање на водоснабдувањето.