Се санира Меморијалната куќа на Григор Прличев. Согласно одобрената Годишна програма од страна на Министерството за култура и туризам, за тековно одржување на објекти кои се под надлежност на НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј – Охрид се превзедоа одредени зафати за санирање на објектот „Меморијална куќа на Григор Прличев “, информираа од установата.
Во тие активности во текот на октомври 2024 година, се санираа ѕидните платна од јужната страна и плафонот во приземјето како и одредени интервенции на увалите на кровот, чистење на олуци како и промена на искршени ќерамиди и заливање на слеменици и грбини, објаснуваат од НУ Завод и Музеј.