Skip to main content

Активности

Санација на детското игралиште во Лескајца

Средствата за санација и реконструкција на детското игралиште во ООУ „Братство единство” Лескајца се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
 |  инфодеск  | 
Детско игралиште Лескајца

Екипи на Јавното претпријатие „Градски пазар” изведуваат активности за санација и реконструкција на детското игралиште во рамки на ООУ „Братство единство” Лескајца.

Предвидено е да се изврши промена на оградата, поставување на спортски реквизити, реконструкцијата на трибините и фарбање на игралиштето.

Средствата за овие активности се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.