Екипа на одделението за градежно одржување при ЈП „Нискоградба“ денес на ул. „Климентов универзитет“ врши санација на камена подлога.
Како резултат на поројните дождови на некои места се појавени шуплини кои можат да предизвикаат опасност за безбедноста на учесниците во сообраќајот, велат од ЈП „Нискоградба“ Охрид.