Skip to main content

Локална самоуправа

Санација на плоштадот кај Мини маркет

Од Локалната самоуправа информираат дека ќе се враќаат во функција јавните површини кои подолг период беа руинирани и запуштени.
 |  Маја Савиќ  | 

Општина Охрид ќе ги санира оштетувањата на јавните добра и урбана опрема на повеќе локации меѓу кои и Плоштадот кај Мини маркет за чија запуштена состојба реагираа граѓаните преку рубриката „Ти си твојот град“ на ТВМ.

Граѓаните бараат санација на плоштадот

плоштад мини маркет

Службите на Општина Охрид извршиле увид и ја утврдиле состојбата во која се наоѓа плоштадот кај Мини маркет, како и пешачките патеки канал Студенчишта – хотел Парк, Лабино – Канео, Лабино – Воска – Даљан, детските и повеќенаменските игралишта на цела територија од Општината.

Врз основа на затекнатата состојба изготвиле план и утврдиле динамика за нивна санација. Од локалната велат дека зафатите за реконструкција ќе започнат од идната недела.

руинирани јавни површини охрид

Покрај јавните површини, кои подолг временски период беа руинирани и запуштени, ќе се санираат и оштетувањата на делови од коловозот и тротоарите кои беа настанати во изминатиот период на улиците кои беа реконструирани пред околу една година, „15-ти Корпус“ и „Јане Сандански“.

детско игралиште

Општина Охрид се договорила со изведувачот на градежните работи да се санираат сите пропусти во најкус можен рок и без дополнителен трошок за Локалната самоуправа.