Деновиве се врши санација на потпорниот ѕид на пресекот на улиците „Климентов Универзитет“ и „Рашанец“.
Во комуникација со жителите од Стар град, овој потпорен ѕид беше означен како приоритетен за санација. После завршување на санацијата на потпорниот ѕид се надминува опасноста од негово паѓање и појавување на свлечиште – информира градоначалникот Кирил Пецаков.
Изведувач на градежните зафати е „Бокоп“.