Општина охрид
Санација на потпорни ѕидови во Стариот дел
Со овие активности не само што Стариот дел на градот добива убав лик, туку се зголемува и безбедноста на жителите.
Продолжуваат активностите за санација на потпорни ѕидови во Стариот дел на градот. Деновиве се врши санација на целосно руиниран ѕид кој се наоѓа на пресекот на улиците „Коста Абраш“ и „Самоилова“.
Со овие активности не само што Стариот дел на градот добива убав лик, туку се зголемува и безбедноста на жителите. Градежните активности ги врши „Бокоп“ во рамки на договорот за санација на потпорни ѕидови на територија на Општина Охрид – напиша Градоначалникот Пецаков на официјалниот фејсбук профил.


