Skip to main content

Историско наследство

Санација на Плоча – Миќов град

Екипа на НУ Завод и Музеј започна со санација на објектите од локалитетот Плоча Миќов град.
 |  Маја Савиќ  | 
Санација Плоча Миќов град

Активностите за санација на реконструираните праисториски објекти од локалитетот Плоча Миќов град кај Градиште се во тек. Во следните месеци ќе се извршува континуирана обнова на сите оштетени делови од куќичките и огништата кои се презентирани во овој музејски комплекс. Планираните активности се реализираат под раководство на конзерваторот Ванчо Димоски од Националната установа Завод за заштита на спомениците и Музеј – Охрид.