Како резултат на големото невреме кое го зафати селото Долно Лакочереј, во петокот настана дефект во трафостаница и поради тоа корисниците останаа без електрична енергија. Екипите на Електродистрибуција веднаш излегоа на терен и за брзо време го санираа истиот.
Секако, доколку на овие корисници им се оштетени апаратите за домаќинство може да започнат постапка за обесштетување.
Оваа постапка се иницира од страна на корисникот кој се обраќа до службите на Електродистрибуција со барање за обесштетување доколку смета дека постои основ.
Барањето се разгледува од страна на техничка комисија на Електродистрибуција составена од електроинженери и електромонтери, која понатаму дава мислење дали истото е основано или не. Доколку техничката комисија утврди дека барањето е основано, на терен се констатира дали апаратот може да се поправи или не.
Во случај на непостоење можност за поправка на апаратот, корисникот се обесштетува, информираат од Електродистрибуција.