СВР Охрид
Санкционирани 14 мотоциклисти во акциска контрола на СВР Охрид
Девет мотоциклисти во Охриод биле казнети за управување мотоцикл без заштитна кацига.

На 26.05.2024 од 15.00 до 21.00 часот на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 14 мотоциклисти, кои управувале мотоцикли без заштитна кацига (Охрид-09, Струга-01, Кичево-03, Дебар-01).
– Возачите на мотори и моторцикли, заради личната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, доследно да се придржуваат до законската обврска за задолжително носење заштитна кацига и друга заштитна опрема при управување со моторите, моторциклите и четирициклите, апелира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.




