Skip to main content

Засилени сообраќајни контроли

Санкционирани 15 возачи во Охрид

При засилени сообраќајни контроли во Охрид, санкционирани се 15 возачи кои управувале моторно возило со поголема брзина од дозволената.
 |  инфодеск  | 
Полициски службеници

На 21.04.2022 година од 15.00 до 19.00 часот, при извршени сообраќајни контроли во Охрид, полициските службеници затекнале и санкционирале 15 возачи кои управувале моторно возило со брзина поголема од дозволената (08- надвор од населено место, 07- во населено место).

Во пресрет на претстојните празници, сообраќајните контроли на целото подрачје на СВР Охрид, ќе бидат интензивирани со цел зголемување на сообраќајната безбедност и елиминирање на можностите за сообраќајни незгоди. Поради тоа, апелираме до сите учесници во сообраќајот, посебно до возачите на моторни и други возила, на зголемена внимателност и строго придржување до поставената сообраќајна хоризонтална и вертикална сигнализација – се вели во соопштението на СВР Охрид.