Засилени патни контроли
Санкционирани 21 возач во Охрид
Полициските службеници санкционираа 81 возач на подрачјето на СВР Охрид, од кои 21 во Охрид, 35 во Струга, Кичево 19 и Дебар 6 возачи.
На 19.06.2022 година од 15 до 21 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени контроли во патниот сообраќај.
Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 81 возач на патнички моторни возила кои ја надминале дозволената брзина на движење (Охрид-21, Струга-35, Кичево-19, Дебар-06). Апелираме до возачите на моторни возила и до останатите учесници во сообраќајот, доследно да се придржуваат до поставената хоризонтална и вертикална сигнализација и на тој начи, да придонесат за поголема сообраќајна безбедност и подигнување на сообраќајната култура – се вели во соопштението на СВР Охрид.


