Извршиле престигнување на непрегледни мести
Санкционирани 36 возачи во Охрид, 13 во Струга
Казнети 56 возачи на подрачјето на СВР Охрид, кои извршиле престигнување на непрегледни места, (Охрид-36, Струга-13, Кичево-04, Дебар-03).
На 13.03.2023 во периодот од 7 до 12 часот извршени се сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид.
Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 56 возачи на моторни возила кои извршиле престигнување на небезбедни и непрегледни места, каде со сообраќаен знак тоа е забрането (Охрид-36, Струга-13, Кичево-04, Дебар-03) – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.


