Засилени сообраќајни контроли
Санкционирани 40 возачи во Охрид
Полициските службеници санкционирале 40 возачи во Охрид кои управувале возило со брзина поголема од дозволената.
На 25.04.2022 година од 14 до 20 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени контроли во патниот сообраќај.
Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 70 возачи кои управувале моторно возило со брзина поголема од дозволената (Охрид-40, од кои 24 надвор од населено место и 16 во населено место, Струга-28 во населено место, Кичево-09 во населено место, Дебар-09, од кои надвор од населено место-06 и во населено место-03) – информираат од СВР Охрид.


