Skip to main content

Преспа форум

Шарл Мишел утре доаѓа во Охрид

Во пресрет на Преспа Форумот за дијалог, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ќе го посети Охрид, соопшти Делегацијата на ЕУ.
 |  инфодеск  | 
Шарл Мишел

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел утре доаѓа во посета на Македонија. Тој е на мини балканска турнеја, во рамки на која претходно ги посети Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.

Предвидено е Мишел да се сретне со претседателот на државата Стево Пендаровски во „Вила Билјана“ во Охрид, соопштија од кабинетот на претседателот. По средбата Мишел и Пендаровски ќе одржат заедничка прес-конференција.

Претседателот на Европскиот Совет ќе биде гостин на вториот Преспа форум за дијалог што ќе се одржи во Охрид од утре до 18 јуни.

Форумот ќе го отвори претседателот Стево Пендаровски, а на првата сесија на високо ниво според најавите ќе говорат и претседателите на Слованија Борут Пахор, на Хрватска Зоран Милановиќ, на Косово Вјоса Османи – Кадриу и претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ.