Завршена е припремата на летната сцена, односно извршено е санирање на оштетените делови од дрвената сцена која е изложена на надворешни влијанија. Имено, НУ Завод и Музеј Охрид со помош на граѓани дарители и јавните претпријатија од Општина Охрид ја средија околината на Антички театар и на горните слоеви на бината кои беа најоштетени со голем процент на влага и не беа за употреба. Се констатира дека е потребна нивна итна промена, особено на југозападниот дел од сцената каде оштетувањата беа најголеми. Извршена е промена на подлогота од песок кој беше причинител за големата влага на дрвената подконструкција и заменет со тврдопресован стиропор и нова дрвена подконструкција и ламерирани водоотпорни табли како завршен слој на сцената. Исто така, искосен е коровот во околината, исчистен е отпадот и оспособена една чешма позади сцената. Благодарност на Владо Пупиноски и Ангел Арнаудовски, се вели во соопштението од НУ Завод и Музеј Охрид.