Skip to main content

ОО на СДСМ Охрид

СДСМ: Дали со оградата од охридската гимназија ДПМНЕ го носи стиропорот од “Скопје 2014та” и во Охрид !?

Од ОО на СДСМ Охрид упатуваат критика до локалната власт за изведбата на оградата на охридската гимназија. Тие тврдат дека столбовите на оградата се изведени од стиропор што е неприфатливо за објект кој е културно историски споменик.
 |  инфодеск  | 
sdsm ohrid

ДПМНЕ, дали столбовите на оградата од охридската гимназија изобилуваат со стиропор!? Дали се обидувате да го донесете стиропорот од тоа вашето “Скопје 2014та” и во Охрид!? – јавно прашуваат од ОО на СДСМ Охрид.

Од охридскиот огранок на партијата посочуваат дека охридската гимназија претставува споменик на културата и е стожер на образованието во Охрид. Вредноста на зградата на охридската гимназија е од значење за секој еден охриѓанец, кој емотивно е поврзан како со изгледот така и со приказната која ја крие овој културно-историски споменик. Но е и од светско значење, заштитено и зачувано.

Затоа бараат локалната власт итно да престане, како што велат, да чепка по културно- историските споменици ако не умее да им го зачува ликот и вредноста.

„Околу 5  милиони денари вредност на проектот, пари кои не се лична своина на ДПМНЕ туку пари од МОН и дел од општинскиот буџет наполнат од граѓаните, за што ли ги дадовте локалци? За СТИРОПОР во столбовите на оградата која ПОМПЕЗНО ја обзнанивте како да сте направиле светско чудо ? Со што ли го замајувате народов ? Покажува ли стиропорот што се обидувавте да протнете ? Овој стиропор ли чини 5 милиони денари ? Нели имате малку совест и почит кон културните добра ? Спротивно и од мислењата на надлежните институции си ја озибличивте оградата со стиропор, кој би знаел која лична цел сакате да ја оправдате и исполните !? Вака не се чува идентитет ! Охрид има своја приказна! Ако не знаете да ја раскажувате, поарно и не ја почнувајте!“ – велат од СДСМ Охрид.