Skip to main content

СДСМ: Градоначалникот и ВМРО -ДПМНЕ не го исполнаа ветеното

ВМРО – ДПМНЕ и градоначалникот Бакрачески не донесоа напредок, ниту Охрид го направја подобро место на живеење, обвинија на денешната прес конференција охридските социјалдемократи. Од таму прашаа до каде е градоначалникот Бакрачески со реализација на ветените приоритетни проекти кои требаше да бидат готови до 2014 година.

 |  Николоска Биљана  | 
sdsm
сдсм

jovanЗадолжувањата на охриѓани и неисполнетите ветувања од изборната програма укажуваат дека ВМРО – ДПМНЕ и градоначалникот Никола Бакрачески имаат неодговорен однос кон граѓаните на Охрид, обвинија на денешната прес конференција од ОО на СДСМ. Советникот Јован Стојаноски истакна дека ВМРО – ДПМНЕ и градоначалникот не донеле напредок за Охрид ниту пак го направиле подобро место за живеење.

„Бакрачески и ВМРО – ДПМНЕ ветија изградба нова современа автобуска станица како приоритет, помина година и пол ама нова автобуска станица нема. Не е реализирано ниту ветувањето за нов откупен дистрибутивен центар за раноградинарски производи со ладилник како што беше ветено со краен рок на завршување 2014. Го нема ниту ветениот дом за стари лица, ниту затворениот пазар во Охрид“– вели Стојаноски.

sdsmСо право може да се каже дека Охрид е врвот на економска стагнација и назадување, вели Стојаноски.  Додаде дека нашиот град е лидер по иселување на младите, образовани и семејни луѓе во државата, а тоа го поткрепи со податокот дека во рок од една година, 800 до 1000 луѓе се иселиле од Охрид.

„Подобрување за условите за живот за граѓаните во Охрид не беше приоритет дефинитивно за ВМРО – ДПМНЕ но затоа ги задолжија граѓаните на Општина Охрид следните 16 години со 127 милиони денари или повеќе од 2 милиони евра. Е тоа единствено ВМРО – ДПМНЕ не го вети, но за жал за сите нас, го оствари“.

Стојаноски напомена дека сите проекти кои што ги нагласил биле со краен рок на реализација 2013 – 2014 година.

{loadposition content9}