СДСМ: Градските власти повторно полнат со партиски кадри
Само неколку седмици по објавениот оглас за прием на 10 нови државни службеници во општинската администрација, градските власти во Охрид повторно полнат со партиски кадри на товар на општинскиот буџет.
Само неколку седмици по објавениот оглас за прием на 10 нови државни службеници во општинската администрација, градските власти во Охрид повторно полнат со партиски кадри на товар на општинскиот буџет.
Овој пат во ЈП Охридски комуналец, за каде што е објавен оглас за прием на 38 нови работници кои би биле работно ангажирани во рок од 45 дена.
Зошто и понатаму се вработуваат луѓе во општинските служби и јавни претпријатија, кога градските власти од ВМРО-ДПМНЕ веќе две години се жалат на превработеност во општинските институции?
Во периодот од 4-ти до 9-ти февруари 2015 година, во само 6 дена, на интернет страницата на Агенцијата за администрација се објавени и фигурираат 63 активни огласи за вработување на државни службеници и 20 за јавни службеници. Или, од почетокот на годината, Агенцијата објавила 136 огласи за вработување на државни службеници и 50 за јавни службеници.
СДСМ го повикува Никола Бакрачески, како најповикан да објасни, дали станува збор за неефикасност на службите, или манипулација со своето членство, на коешто преку времените вработувања им се фрлаат трошки за да ги намалат притисоците на нереализирани ветувања.
Укажуваме дека која и да е од овие две алтернативи, е на штета на граѓаните на Охрид и повикуваме на одговорно однесување од страна на Бакрачекски кој ја презадолжува општината.
Стои во соопштението од Центарот за комуникации на ОО СДСМ Охрид.
{loadpositiion content9}