Охридската СДСМ реагира на одлуката за ЈПП за одржувањето на осветлувањето
Охридската СДСМ уште еднаш ја осуди одлуката на мнозинството во советот за одржување на осветлувањето во општина Охрид преку Јавно приватно партнерство. Од таму велат дека за лични интереси се скратуваат средствата во буџетот на општината.
Одлуката за одржување на осветлувањето во општина Охрид преку Јавно приватно партнерство тема на денешната пресс конференција на општинската СДСМ. Со ваквата одлука општината се откажа од приход во висина од 5милиони евра кој ќе влезеше во буџетот на општината во наредните години, рече координаторот на советничката група на СДСМ, Јован Стојаноски. Никола Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ наместо да ги внесат овие средства во градскиот буџет, тие “великодушно” ги отстапија на приватна компанија од Чешка, додаде тој.
Аргументите за исплатливоста на инвестицијата во јавното осветлување се прикажани во Физибилити студијата која беше изготвена и тие се достапни за граѓаните.
Студијата, јасно покажува дека вкупната инвестиција изнесува само 3.5 милиони евра, а за време на 15 години , приватниот партнер ќе ги врати вложените средства и ќе заработи над 5 милиони евра. Зошто ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Бакрачески не обезбедија средства самата општина да ја реализира оваа инвестиција, која за брзо време ќе врати дополнителни средства во општинскиот буџет, запраша Стојаноски.
Стојаноски праша дали можеби причината за оваа, економски нелогична зделка, е што зад наводниот инвеститор од Чешка Република, всушност стои македонски државјанин близок до локалната власт и ВМРО-ДПМНЕ. На прашањето кое е тоа лице што стои зад Чешката фирма, од СДСМ не дадоа одговор.
{loadposition content9}