ОБНОВЕНО: СДСМ: „Наместо уредени зелени површини, жителите од УЗ Воска 4 добија депонија“
Од општинската организација велат дека уредувањето на просторот помеѓу зградите на улиците „Сатеска“ и „Трајче Трајчески“ било посочено како приоритет на претставниците на УЗ Воска 4.
Охридските социјал-демократи со обвинувања до локалната дека наместо ветувањата за градежно и хортикултурно уредување, жителите на урбаната заедница Воска 4 добиле депонија.
Портпаролот на општинската организација на СДСМ, Александар Кузески информира дека граѓаните од оваа урбана заедница уште во Ноември минатата година како дел од приоритетите за нивната урбана заедница го посочиле градежното и хортикултурно уредување на просторот помеѓу зградите на улиците „Сатеска“ и „Трајче Трајчески“. Кузески вели дека откако не било ништо преземено, жителите реагирале до Одделението за комунален развој, но од ветеното, добиле само неколку камиони со земја, кои биле растоварени на предвидената локација.
Од СДСМ обвинуваат дека поради непреземањето на никакви активности од страна на локалната, сега местото е претворено во депонија со градежен шут.
„Жителите на оваа урбана заедница се немоќни, затоа што наместо уредена зелена површина, оплемената хортикултурно и со други соодветни рекреативни содржини, тие под своите домови добија мини депонија, каде што се одлага градежен шут и отпад. Овој проблем посебно се однесува на најмладите од околните згради, кои секојдневно играат и се движат низ ѓубре и градежен шут, наместо тоа да го прават на уредена, оплеменета и еколошки чиста површина. Им укажуваме на надлежните служби во локалната самоуправа дека на овој начин не се реализираат ветените проекти и развојните програми.“-вели портпаролот на О.О на СДСМ, Александар Кузески.
{loadposition content9}