СДСМ во одбрана на градоначалникот
ОО на СДСМ денеска во одбрана на првиот човек на Охрид.
За излез на сообраќајните гужви, градоначалникот и локалната самоуправа континуирано бараат оптимални решенија. Спротивно на ваквите напори претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Атанаско Михаилов, ја замајува јавноста со секојдневните прес конференции за тоа дека нетребало кружен тек кај Билјанини извори како и за тоа дека на Кеј Маршал Тито требало да се користи една лента за сообракај. Според него, не треба ништо да се презема, за да може подоцна да излезе на прес конференција и да каже дека во Охрид има сообраќајни гужви. Народот би рекол. Овој Атанаско нит се води, нит се тера“, обвинувинија денеска од ОК на СДСМ.
„И што да се направи, за него ништо нечини, а нечини зошто сите овие се зафати на локалната власт во Охрид и градоначалникот Петрески од редовите на Социјалдемократскиот сојуз. Ништо нечини за него зошто така од Центарот за лаги и манипулации на ДПМНЕ му е речено да кажува.
Сето ова се сведува на малтретирање на медиумите и граѓаните, затоа што отровните стрели, обвинувањата, безидејноста и очајот од страна на ВМРО ДПМНЕ станаа наше секојдневие. Во оваа прилика, сакаме да поставиме едно принципиелно прашање. Зошто актуелната власт на ВМРО ДПМНЕ го дели народот на подобни и неподобни личности. Со најновото непочитување на функцијата градоначалник на Охрид, Вие господа од ДПМНЕ упативте јасна порака дека тие што не се со вас се неподобни“, истакна Љупка Иваноска, од сектор за односи со јавност во СДСМ.
Од СДСМ прашуваат како можеше министерот Ставрески да го изнашета мултимилијардерот од Индија Субрата Рој и да му ги покажува убавините на Охрид, а при тоа да не го пречека првиот човек на градот – градоначалникот, а претходно истото да се случи и при посетата на мексиканскиот милијардер и најбогат човек на светот Карлос Слим.
Од ОК на СДСМ сметаат дека ова е јасна порака од владеачката партија ВМРО ДПМНЕ до светот, дека во Македонија нема соработка на централната со локалната власт, што во прашање ги ги доведува странските инвестиции, нешто било согледано и од странските милијардери и компании, поради што досега, нема никаков кам бек во Охрид од странските инвеститори.
„Господа од ВМРО ДПМНЕ, Не ја замајувајте јавноста. Не ги потценувајте граѓаните со перење мозоци од ваша страна за нефункционални посети од страна на претставници на Владата во Охрид. Охриѓани не виделе никаков бенефит од тие посети.
Откажете се од непродуктивните проекти и зафатете се со работа со која ке ги решите виталните проблеми на граѓаните. Тие ви бараат леб, а не балет. Но повеќе од очигледно е дека Вас од ВМРО ДПМНЕ не ве бидува за таа работа. Ве бидува само за споменици, жални врби и тршење народни пари без мерка“, вели Иваноска.
На крајот СДСМ и порача на владејачката ВМРО ДПМНЕ дека во март идната година Охрид по трет пат ќе избере градоначалник од Социјалдемократскиот сојуз, зошто знае кој му го мисли доброто на Охрид и охриѓани.
{loadposition content9}