Skip to main content

СДСМ Охрид: Ако локалната се’ уште се справува со „хаосот од претходната власт“, тогаш или се неспособни или имаат корист од тоа

Повторно ја гледаме истата шаблонска формула: „претходниците се виновни, ние само расчистуваме нивен хаос“. Овој политички рефлекс за префрлање вина веќе одамна ја изгуби секоја смисла и ефект – особено кога доаѓа од власт што веќе не е ни нова, ни неодговорна за состојбите, велат од ОО на СДСМ во врска со реакцијата од Општина Охрид на нивната вчерашна прес конференција.
 |  инфодеск  | 

И овој пат, како и безброј пати досега, општинските власти на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид излегоа со реакција што повеќе наликува на стара, избледена копија, отколку на одговор на реалните прашања, велат од ОО на СДСМ во врска со реакцијата од Општина Охрид на нивната вчерашна прес конференција.

Повторно ја гледаме истата шаблонска формула: „претходниците се виновни, ние само расчистуваме нивен хаос“. Овој политички рефлекс за префрлање вина веќе одамна ја изгуби секоја смисла и ефект – особено кога доаѓа од власт што веќе не е ни нова, ни неодговорна за состојбите.

Граѓаните на Охрид со право се уморни и разочарани од оваа перманентна реторика. Ако, според ДПМНЕ, локалната се’ уште се справува со „хаосот од претходната власт“, тогаш тоа значи дека или се неспособни да го надминат, или дека имаат корист од тоа хаотично управување.

ОО на СДСМ ОХРИД постави прашања на кои повторно селективно беше одговорено, но ајде, ако веќе сакаат да се потсетуваме, да се потсетиме на неколку неспорни факти:

Раздолжувањето на општина Охрид почна на 29.10.2018 год. со ребалансот на буџетот на државата за 2018 во кој најголема алокација имаше за општините. Сите општини добија еднаков процент (51%) на поддршка од Владата за намалување на неизмирените обврски. Помеѓу тие што имаа највисоки пријавени неизмирени обврски беше и општина Охрид. Кај најголем дел од општините како и во општина Охрид стануваше збор за стари, наследени долгови. а со тоа и превземањето на милионскиот долг кон ЕВН и исплата на долгот од доспеаните рати на кредитот кои ги должеа општините Охрид и Струга при превземање на Колекторскиот систем од страна на државата, бидејќи колекторски систем беше во состав на меѓуградското претпријатие Проаква.

Се зголеми повратот на ДДВ и персоналецот. Само до 2024-та, општините од двата даноци треба да добиваат по 6 отсто. Тоа преведено за општина Охрид е над 50 милиони денари повеќе во општинската каса .

Дополнителна помош од централната власт тогаш предводена од СДСМ и покрај поддршката во однос на преносот на надлежностите за наплата на дел од јавните приходи, како и трансферите од централниот буџет, помошта во градењето на општинските капацитети се спроведуваше и преку проекти на централната власт финансирани преку меѓународни финансиски институции.

Жално што имаме локална самоуправа која изгледа до октомври додека си замине од владт едвај ќе умее да најде нешто со кое ќе се пофали за она што САМА го има сработено, се вели во реакцијата од ОО на СДСМ