Skip to main content

СДСМ Охрид: Дворот на охридската гимназија е рак рана за охриѓани

И по еден месец откако Кирил Пецаков даде отчет за несработеното во гимназијата, сакајќи на сентименталност да го убеди народот во Охрид дека ЌЕ БИДЕ, ЌЕ СЕ СРЕДИ, ископините се’ уште стојат, обвинуваат од ОО на СДСМ Охрид.
 |  инфодеск  | 
sdsm ohrid

Дворот на охридската гимназија е рак рана за охриѓани и кој дефинитивно не само што од лани ја ужаснува сликата за Охрид и во сончеви, а особено во врнежливи денови, не само што претставува опасност за децата и вработените туку ја претставува и кристално јасно сликата за владеењето на Мицкоски и неговите кадри, обвинуваат од ОО на СДСМ Охрид.

Вака владее ДПМНЕ со Охрид-… хаотично, без ред и поредок. Еве вака сака да владее Мицкоски со народот, бидејќи Мицкоски и неговите кадри само ова го умеат. Веќе еден месец помина откако Кирил Пецаков даде отчет за несработеното во гимназијата, сакајќи на сентименталност да го убеди народот во Охрид дека ЌЕ БИДЕ, ЌЕ СЕ СРЕДИ. Но и по еден месец ископините се’ уште стојат, учениците се ‘ уште со страв поминуваат, вработените се’ уште се убедувани дека ќе ја биде работата.“ – стои во соопштението од ОО на СДСМ Охрид.

Оттаму додаваат дека кадарот на Мицкоски нема време да поработи на решавање на проблемот, бидејќи, како што велат во соопштението, времето им е скапоцено и единствено треба да се искористи за промовирање на лажна близина со народот, за манипулативни ветувања и на своите членови, за навреди на политичкиот опонент, за надеж дека ќе дојдат на власт мислејќи дека доволно го натераа народот да им верува.

„Но фактите не им одат во прилог: слаткоречивите Мицковисти, почитувани,  не умеат ни дворот пред сопствената одаја да си го направат,  а не пак држава да водат !“ – порачуваат од охридскиот огранок на СДСМ.