Се соочуваме со состојба во која Охрид е во колапс во сите сфери и области. Граѓаните се борат со високите цени, а со тоа и со егзистенција и плаќаат сметки повисоки од било кога. Не мириса на плоден туризам бидејќи градот нема што да понуди освен ѓубре, отпадок, прашина и згради.
Освен што нема туристи, ги нема ни самите жители, посочуваат во соопштение од ОО на СДСМ Охрид.
–Охриѓани драстично си одат од Охрид со своите семејства, аналогно на фактот дека оваа година има драстичен пад на уписи на ученици во прво одделение, за разлика од претходни години. Најголемите основни училишта се соочени со фрапантни бројки од околу 80тина ученици за упис во прво одделение. Општинското средно училиште – гимназија, ќе ја започне новата учебна година со две помалку паралелки во прва година. Слабото менаџирање со училиштата дава вакви резултати. А општинскиот сектор за образование во зашеметен зимски сон. Дали можеби ним важно им е од каде можат да скратат финансиски средства предвидени за училиштата, за да ги пренаменат на други места, секако предизборно?– се вели во партиското соопштение.
Директорите на училиштата, со чест на исклучоци, тивки послушници на комитетот, во немоќ да понудат нешто свое, ги користат проектите и програмите од нивните претходници за да покажат некаква активност.
– Пример, Регионалниот ресурсен центар ,,Ванчо Питошески” – кај охриѓани попознат како школото ‘угостителско’ деновиве по втор пат промовираше проект од претходниот директор, кој тој самиот еднаш веќе го промовира.Ова е истото тоа училиште по кое ДПМНЕ фрлаше со камења, а истите тие од таму јадеа леб. Ова е истото тоа училиште пред кое секојдневно ДПМНЕ држеше пресови дека не е средено, дека е лошо, за сега да се тивки и молчаливи и горди заедно со директорот промовирајќи го реновирањето на училиштето како нивни проект, стои во соопштението.
Овој тренд на тонење надолу и слободен пад е вмрежан во сите сфери. Полоша, понеспособна и понезаинтересирана локална самоуправа од оваа, Охрид не памети, обвинуваат од ОО на СДСМ Охрид.