Skip to main content

Реакција

СДСМ Охрид : Каде се уредените плажи на Пецаков?

Каде се уредените плажи Пецаков? Каде е јавниот повик за издавање на плажите под концесија? – реагираат од ОО СДСМ Охрид.
 |  инфодеск  | 
Сдсм Охрид

Помина скоро една година од одлуката на УНЕСКО со која Општина Охрид доби втора шанса и рок од две години да ја исполни долгата листа на обврски, ама исто така поминува скоро една година откако сегашниот ни Градоначалник се сликаше со стопанствениците на плажите и гласно ја обвинуваше тогашната локална власт, реагираат од ОО на СДСМ Охрид.

„Помина скоро еден месец откако истиот тој Градоначалник изјави дека и оваа сезона плажите ќе функционираат без концесионери и ќе останат неуредени, но овој пат бидејќи не може да се обвинува себеси, виновна му е централната власт. Иако е видливо дека престојот во Америка во целост и во секаква прилика му годи на Градоначалникот, но сепак тоа не би требало да го спречува да размислува на оваа тематика и затоа ние како Охриѓани кои си го сакаат својот град би сакале да го прашаме и него и неговите соработници на кои што е оставена локалната самоуправа за време на неговото отсуство, дали сериозно мислат дека охриѓани не се збунети со неговите изјави дијаметрално спротивни од оние што ги даваше пред и за време на изборната кампања. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски само пред неколку дена изјави дека Министерството за транспорт и врски не го кочи уредувањето на плажите и дека Општина Охрид може сама да ги уреди плажите согласно генералниот урбанистички план и препораките на УНЕСКО. Каде се уредените плажи Пецаков? Каде е јавниот повик за издавање на плажите под концесија? До каде се исполнувањата на препораките на УНЕСКО и дали знаете дека останува само уште една година да се исполнат? На крај, што Ви се чинеше со изјавите дека на стопанствениците веднаш ќе им ги вратите плажите назад? Можно ли е со азното од такви ветувања да ги купувавте народните гласови!? Градоналниче, да Ве потсетиме дека Охрид е пред почеток на сезона, а времето брзо си поминува, па така сите лаги и неспособности на крајот излегуваат на виделина. По се’ изгледа, Охрид ќе почека да види дали воопшто има градоначалник“, стои во реакцијата на СДСМ Охрид.