СДСМ Охрид: Конкурсот го објавивме на партиската фејсбук страна за да стигне до што повеќе млади и невработени луѓе
Срамно е уште не започната операцијата на пописот да се кажува дека попишувачи ќе има само од СДСМ, реагираат од СДСМ Охрид на пресот на ОК на ВМРО ДПМНЕ.
Срамно е уште не започната операцијата на пописот да се кажува дека попишувачи ќе има само од СДСМ, реагираат од СДСМ Охрид на пресот на ОК на ВМРО ДПМНЕ. Денеска ВМРО ДПМНЕ не критикува нас од СДСМ и пратеничката Жаклина Лазаревска само поради тоа што го објавивме конкурсот за попишувачи на нашата официјална партиска Фејсбук страница. Што е толку страшно ова? Очигледно само што ќе прочитаат СДСМ луѓето од ВМРО ДПМНЕ во се’ гледаат партизација. Нивното време беше такво и затоа така гледаат на нештата и сега, се вели во писмената реакција.
Се работи за Јавен конкурс кој сакавме да стигне до што повеќе млади и невработени луѓе. Доказ дека фесјбук профилот на партијата и на пратеничката не го следат само партиски членови е токму реакцијата на ВМРО ДПМНЕ- значи Конкурсот го прочитале и тие и на него може да се пријави секој, посочуваат од СДСМ.
За констатацијата на опозициската ВМРО ДПМНЕ дека и условно речено пријавувањето на попишувачи го користеле за ново членство, од СДСМ враќаат дека потписите што ги собира ВМРО ДПМНЕ пак, ќе им послужеле само да видат кои се ЗА или ПРОТИВ Мицковски и актуелната врхушка на партијата.
ПОПИС во Република Северна Македонија конечно ќе има. Сите обиди оваа статистичка операција да биде прекината сега, нема да најдат погодно тло. Ништо ново од партијата ВМРО ДПМНЕ кое во едно време на Груевски го почна пописот и го прекина а силни милиони отидоа во непознато, реагираат од СДСМ Охрид на пресот на ОК на ВМРО ДПМНЕ.