Skip to main content

На средбата се разговараше за покачувањето на пензиите

СДСМ Охрид на средба со пензионерите

На средбата се разговараше за историското покачување на пензиите од 8,4 проценти, кое овој месец го добиваат пензионерите.
 |  инфодеск  | 
Сдсм на средба со пензионери

Претседателката на ОО СДСМ Охрид, Кристина Крлеска Деспотоска, заедно со пратениците Жаклина Лазаревска и Лазе Таневски, советниците, пошорокото раководство на ОО СДСМ Охрид , Форумот на пензионери и Форумот на жени, остварија средба со пензионерите од град Охрид. 

На средбата се разговараше за историското покачување на пензиите од 8,4 проценти, кое овој месец го добиваат пензионерите. Ова е второ покачување на пензиите за само неколку месеци или вкупно околу 16%. На општо задоволство на сите, беше разговарано и за тоа дека во оваа 2023 година освен сегашното мартовско усогласување на пензиите, уште едно ќе следи во септември, усогласено според трошоците за живот и порастот на просечната плата – информираат од СДСМ Охрид.

Сдсм на средба со пензионери

Со покачувањата на пензиите кои се случија во минатата година, во март и во септември, заедно со ова покачување сега и покачувањето кое следи во септември, пензиите ќе бидат поголеми за 25% за само 1,5 година. СДСМ се грижи за пензионерите. Ги реализира ветувања и ја исполнува должноста да им се обезбеди пристојна, достоинствена старост на пензионерите-онака како што заслужуваат. Бидејќи сите ние сме нивни деца, додаваат оттаму.

Сдсм на средба со пензионери
Сдсм на средба со пензионери