СДСМ Охрид: Нов скандал во општина Охрид
Речиси две години, вработена во општина Охрид, работи како правник во Секторот за Урбанизам иако нема завршен Правен факултет.
Речиси две години, вработена во општина Охрид, работи како правник во Секторот за Урбанизам иако нема завршен Правен факултет.
Ангажирана со договор во локалната самоуправа, како партиски кадар од ВМРО-ДПМНЕ, вработената извршувала правни работи, иако не била дипломиран правник, што е спротивно на законите.
Замислете, две години никој не се сетил да и‘ побара диплома за завршен Правен факултет и да провери дали е квалификувана за доделеното работно место.
За скандалот да биде уште поголем, споменатата вработена ги потпишувала урбанистичките решенија во Одделението за спроведување на урбанистички планови, со овластување издадено од градоначалникот Бакрачески.
Значи, овластената “правничка“ без диплома, со својот потпис на многу урбанистички предмети за легализација на дивоградби, решавала за судбината и имотите на голем број граѓани на Охрид.
Колку се легални таквите издадени урбанистички решенија?! Дали граѓаните со позитивно решени предмети треба да стравуваат за сопствените имоти?!
Дали граѓаните со негативно решени предмети треба да ги обжалат таквите решенија?! И, конечно, како е можно два пати да се објави оглас за нејзино вработување во општина, без таа да приложи диплома?!
Незаконското работење е одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.
Со овој скандал уште еднаш на дело се покажа самоволието на ВМРО-ДПМНЕ при вработувањата на партиските кадри и крајно несериозниот однос кон граѓаните на Општина Охрид.
{loadposition content9}