Skip to main content

СДСМ: Партијата на власт се богати и луксузира додека граѓаните едвај успеваат да врзат крај со крај

Како успева партијата на власт да се богати и луксузира додека граѓаните едвај успеваат да врзат крај со крај, запрашаа охридските социјалдемократи на денешната прес конференција. Од таму сметаат дека потрошените 300 илјади евра за новите простории на ВМРО – ДПМНЕ во Охрид, биле добра основа за отпочнување на реализација на некој од ветените капитални проекти за градот.

 |  Николоска Биљана  | 
sdsm
сдсм

tunteНародот во Македонија е се посиромашен, а партијата на власт ВМРО – ДПМНЕ е се побогата, обвинуваат охридските социјалдемократи. Томислав Тунтев претседателот на партијата на денешната прес конференција обелодена дека атрактивната локација во центарот на Охрид, односно новиот простор на ВМРО – ДПМНЕ чини над 300 000 илјади евра, а јавноста била штуро информирана дека новите простории се купени со сопствени средства на партијата. Па од таму прашуваат како владеачката партија успева да се богати и луксузира, кога партијата на Никола Груевски во 2011 годин имала долг од 3,5 милиони евра а само три години подоцна стана сопственик на имот од над 1,6 милиони евра.

„Како успеа ВМРО – ДПМНЕ да врати  3,5 милиони евра и да собере уште 1,6 милиони евра за нов имот ширум Македонија. На кој начин партијата на власт ги прибира тие пари. Зошто тоа истото не може да го направи и локалната власт на ВМРО – ДПМНЕ во Охрид, па да започне конечно со инвестирање во ветените приоритетни проекти за охриѓани, зошто огромни пари се инвестираат во партиски простории а можат да се искористат за добробит на сите охриѓани“ – вели Тунтев.

sdsmТунтев категоричен дека Локалната Самоуправа на Охрид дополнително само ги задолжува охриѓанини со нови 127 милоини денари кредит за наводни капитални инвестиции.

„Од кога пет возила за „Охридски комуналец“, две кружни раскрсници и асфалтирање на неколку улици претставуваат капитални инвестиции?! Што стана со приоритетните капитални проекти што ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот им ги ветија на охриѓани пред 20 месеци во нивната изборна програма, ќе ги потсетиме на страна 11 во нивната изборна програма наведени се приоритетните капитални проекти за Охрид, еден дали е реализиран од тие проекти“ – нагласува Тунтев.

Тунтев за крај подвлече дека ВМРО-ДПМНЕ има обврска пред граѓаните, коишто ги доведе на работ на сиромаштијата, да одговори на поставените  прашања.

{loadposition content9}