Skip to main content

Прес конференција ОО СДСМ

СДСМ реагира на поскапувањата на цените на ЈП

На удар поскапувањето на цените на услугите од јавните претпријатија во Охрид. Се бараат оправдувања во светската енергетска криза, а се троши на нови вработувања и ангажирање на надоврешни адвокатски куќи, кажа портпаролот на охридските социјалдемократи .
 |  Валентина Неловска  | 
sdsm ohrid

Очигледно ДПМНЕ ја превзеде локалната власт само за да обезбеди лични комодитети и уживања на своите послушници. Од сите ветени проекти, ДПМНЕ еве веќе нешто повеќе од една година ги исполнува доследно проектите за зголемување на цените на Јавните претпријатија во градов, на прес конференција кажа Јован Крлев, портпаролот на ОО СДСМ.

„Зошто се зголемени цените за скоро 100% во Јавното претпријатие „Градски гробишта“ ? Последното поскапување на цените во ова јавно претпријатиее срам и врв на неодговорноста на менаџерскиот тим и безчувствителноста во поглед на задоволување на партиските апетити“, праша Крлев.

Портпаролот Крлев, исто така, упати прашање од каде потребата од зголемување на цените во Јавните претрпијатија „Билјанини извори“ , „Нискоградба“ и „Градски пазар“, каде што ваквото поскапување на цените во иднина ќе го испразни пазарот од закупците или ќе ги зголеми цените на земјоделските производи, рече портпаролот. ДПМНЕ и коалицијата изгледа немаат граници во сопствената бескурпулозност, потенцира Крлев.

„Секое зголемување ДПМНЕ го претставува како оправдување заради светската економска и енергетска криза и додека постојано ги изложуваат овие причини, истите реализираат нови вработувања, дуплираат работни места, ангажираат надворешни правници и адвокатски куќи во претпријатијата и најлошото од се’е што им доцнат со плати на вработените,“ рече Крлев.

И како што веќе и народот навикна, сега секако ги очекуваме клеветите, навредите, обвинувањата од ДПМНЕ. Единствено тоа е нивен препознатлив стил кога во животот се нема аргуементи тогаш се користат навреди, кажа на денешната прес конференција Јован Крлев, портпаролот на ОО СДСМ.