Нудиме план и визија, тим кој ќе работи чесно, гласно и одлучно за секој граѓанин
Советничката листа на СДСМ и Коалицијата за претстојните локални избори во Охрид е тим составен од луѓе со искуство, знаење и визија за иднината на нашата општина, рече на денешната прес конференција носителот на советничката листа, Јане Тодороски.
„Нашиот тим го сочинуваат професионалци од различни области, образование, здравство, економија, екологија, граѓански активизам. Луѓе кои секојдневно работат со граѓаните и ги знаат нивните вистински проблеми, луѓе докажани во полето на својата област, луѓе кои носат енергија, идеи и посветеност да го направат она што е најважно, да создадат подобар живот за сите. “ кажа Тодороски.
Тодороски посочи дека нивниот план е јасен, подобра инфрастуктрура, уредени улици, осветлување и почиста средина во секое мало, поддршка за младите и семејствата, повеќе спортски, културни и образовни содржини, економски развој, нови инвестиции и поддршка за локалните бизниси, зелена општина, проекти за чист воздух, паркови и заштита на природата.

„Ние нудиме план и визија, тим кој ќе работи чесно, гласно и одлучно за секој граѓанин. Знаеме што и треба на нашата општина и знаеме дека тоа можеме да го направиме со работа, со упорност и со поддршка од граѓаните. Да имаме фер избори, да имаме констуктивен натпревар на идеи, а потоа да работиме заедно. На овие избори изберете развој, изберете сигурност, изберете иднина.“ – порача Тодороски.
Носителот на листата упати повик до политичките опоненти, изборите да бидат можност за натпревар на идеи, а не за поделби. Повика на коректна, фер и конструктивна кампања, во која ќе доминираат проектите, визиите и решенијата, а не навредите и блокадите.