Skip to main content

СДСМ бара ТВ дуел

Да имаше ДПМНЕ од Охрид квалитетни кадри на листата со кандидати за пратеници, ќе си се фалеше и гордееше со нив, и немаше сосема неосновано да ме напаѓа мене кажа на денешната пресс конференција кандидатот за пратеник од СДСМ, Томислав Тунтев.

 |  Јаковлева Лионела  | 
sdsm
сдсм

Томислав Тунтев, кандидатот за пратеник од СДСМ во врска со обвинувањара од ВМРО ДПМНЕ во два наврати упатени на негова адреса кажа дека ДПМНЕ од Охрид никогаш не научило дека нормативната власт во општината – Советот, нема никаква врска со реализацијата на активностите од страна на извршната општинска власт – градоначалникот и стручните служби од локалната самоуправа. Тој додаде дека изречените лаги за него дошле од советничката на ДПМНЕ Дамоска – Секулоска, која точно знаела кои се ингеренциите на советниците, на градоначалникот, а кои на советникот што има решение да го заменува градоначалникот. Наместо да ја манипулира јавноста можеби Дамоска треба да си го постави  прашањето- дали е таа дел од тимот што вети брда и долини а ништо не направи за Охрид во последната година или е дел од тимот што во последните осум години ја доведе Македонија до работ на економска пропаст, рече Тунтев. Тој ги повика  од ДПМНЕ на јавна отворена дебата пред граѓаните на Охрид. томислав тунтев

-Сите заедно – и кандидатите за пратеници, и советничката, барем една десетинка да имаат направено од тоа што јас сум го направил во животот за Охрид и за охриѓани, можеби ќе најдат смелост да одговорат на мојата покана за соочување пред очите на охридската јавност. И не само тоа – за разлика од нив, мене политичка партија не ме вработила и јас никогаш не сум сменал политичка партија за лични интереси. Социјалдемократските вредности јас ги почитувам и применувам отсекогаш доследно и целосно и најодговорно тврдам дека сето она што беше изречено на моја сметка од страна на ДПМНЕ се само лаги и манипулации. Нека се осмелат господата од ДПМНЕ да излезат со мене на дебата пред јавноста, па еднаш засекогаш да ги разјасниме ингеренциите на советниците, на заменик градоначалникот и на луѓето од извршната власт, рече Тунтев.

{loadposition content9}