Село лескоец
Се асфалтира крак од ул. Илија Смически
Се асфалтира крак од улицата „Илија Смически“ во с. Лескоец. Оваа активност се спроведува во рамки на договорот за асфалтирање на улици и патишта на територија на Општина Охрид.
Денеска се одвиваат активности за асфалтирање на крак од улица „Илија Смически“ во село Лескоец.
Должината изнесува 310 метри и ширина од 3 метри. Вкупната асфалтирана површина изнесува околу 1000 м2 – информира градоначалникот Кирил Пецаков.

Оваа активност се спроведува во рамки на договорот за асфалтирање на улици и патишта на територија на Општина Охрид.


