општина охрид
Се асфалтира патот до село Плаќе
Градоначалникот Пецаков информираше дека вчера започнаа градежните активности за асфалтирање на патот до селото Плаќе.

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, информираше дека вчера започнаа градежните активности за асфалтирање на патот до селото Плаќе.
–Иако граѓаните со доза на сомнеж го прифаќаа ветувањето, и можеби со право, бидејќи до сега сите им ветувале, а никој не реализирал, ние достојавме на зборот! Нека е аирлија!, вели градоначалникот во неговата објава.








