Се асфалтира улицата „Прилепска”
Претходно на оваа улица беше извршена и промена на водоводната линија.
Со средства од буџетот на Општина Охрид во износ од 6.400.000 денари се врши комплетна реконструкција на улицата „Прилепска”.


Проектот, како што посочуваат од Општина Охрид, опфаќа уредување на улицата и поставување на нова асфалт во должина од околу 530 метри, со што значително се подобруваат условите за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Претходно на оваа улица беше извршена и промена на водоводната линија, при што беа реализирани околу 70 нови водоводни приклучоци, како дел од активностите за обезбедување на поквалитетна инфраструктура за сите делови од општината.


