Skip to main content

Градежни работи

Се асфалтира улицата 28 април

Претходно на улицата се гребеше стариот асфалт, просторот се тампонираше и се нивелираа шахтите. Асфалтирањето се очекува да заврши денес.
 |  инфодеск  | 
Асфалтирање 28 април

Градоначалникот Кирил Пецаков претпладнево направи увид на градежните работи на улица „28-ми април“ којашто денес се асфалтира.

Асфалтен слој се поставува на должина од 550 метри и ширина од 6 метри.

Претходно на улицата се гребеше стариот асфалт, просторот се тампонираше и се нивелираа шахтите. Асфалтирањето на улицата се очекува да заврши денес.

Проектот е дел од Програмата за  уредување на градежно земјиште на Општина Охрид и се реализира со средства од буџетот на локалната самоуправа.