Skip to main content

Реконструкција

Се асфалтира улицата Спас Банџов

Се реконструира улицата „Спас Банџов“, со должина од 160 метри и ширина од 5 метри. Претходно беа реализирани подготвителни активности.
 |  инфодеск  | 
Улица Спас Банџов

Започна асфалтирањето на улица „Спас Банџов“ во центарот на Охрид. Се реконструира целата улица со должина од 160 метри и ширина од 5 метри. Претходно се реализираа подготвителни активности, гребење и чистење.

Улица Спас Банџов

Проектот е дел од Годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици и се реализира со средства од буџетот на Општина Охрид.