Skip to main content

Се асфалтираат ударните дупки на патниот правец Ботун-Лешани

Дождливото време денес не го попречи започнатото крпење на ударните дупки на патниот правец Ботун – Лешани.

 |  Валентина Неловска  | 
asfalt
asfalt

Дождливото време денес не го попречи започнатото крпење на ударните дупки на патниот правец Ботун – Лешани.  Работниците и механизацијата на „Македонија пат“ се ангажирани да го поправат овој регионален патен правец  кој е во лоша состојба. Станува збор за реконструкција на регионалниот патен правец во должина од 5,7 км, информира Миле Јанакиески, Министерот за транспорт и врски.
asfalt
„Финансиската конструкција за патниот правец ќе чини околу 20 милиони денари. Со првата фаза на зафатите ќе се става основен слој кој ќе чини околу 7-8 милиони денари, а 12 милиони ќе чини втората фаза. Вкупната сума ќе се утврди по завршувањето на градежните работи  кој се изведуваат според Програмата на Македонија пат и Јавното претпријатие „Патишта“, кажа министерот Јанакиески.

Јанакиески  денесе дојде во Белчишта во придружба на директорот на „Македонија пат“, пратеникот Харалампие Шокароски и оствари средба со дебрчани и  кандидатот од Вмро Дпмне и коалицијата „За подобра Македонија“ за градоначалник на општина Дебрца, Игор Трајкоски. Трајкоски за овој патен правец кажа дека е горлив проблем за жителите на општината кој веќе почнал да се решава.

„Имаме реализација на  ветувањето дадено во ноември кога министерот беше во посета на регионот по обилните врнежи од снег.  Сега ќе имаме модерен регионален пат кој ќе е  во функција на сите жители на Дебрца“.  

Трајкоски информираше дека целата патна инфраструктура во општина Дебрца е во лоша состојба. Вети дека по добивањето на градоначалничкиот мандат  ќе започне со санација на сите патишта за кои  е надлежна Локалната самоуправа, а исто така ќе бара и поддршка од Владата и јавното претпријатие за санација на патишта.

{loadposition content9}