Општина Охрид
Се асфалтираат улици во Орман
Средствата за овој зафат се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
Денеска се одвиваат активности за асфалтирање на локални улици во село Орман, објави градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на Фејсбук.
„Во рамки на зафатот предвидено е да се асфалтираа во должина од 500 метри и ширина од 3 метри.“ – информира градоначалникот.
Средствата за овој зафат се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.


