Skip to main content

Се бара инвеститор за скијачкиот центар на Галичица

Се бара инвеститор за скијачкиот центар на Галичица.

 |  Валентина Неловска  | 
ski centar Galicica
ski cenatr Galicica

Се бара инвеститор кој ќе изгради скијачки центар на планината Галичица. Компанијата која ќе инвестира во развојот и изградбата ќе стопанисува со ски центарот и одмаралиштето „Галичица“. Ски центарот на „Галичица“ ќе биде планинско-езерско одмаралиште за четири сезони. На љубителите на зимските спортови ќе им се овозможи  алпско скијање. Во летните месеци ќе има разни рекреативни активности. На едно место ќе се спојат сите туристички  вредности во  едно планинско  одморалиште сместено во национален парк. За ваков  долго посакуван центар од охриѓани и туристичките работници, владата има распишано оглас, го најавува  оптимистички  проектот охридскиот ski centar Galicicaградоначалник Никола Бакрачески.

„ Според огласот досега има неколку странски инвеститори. Тие  потенцијални вложувачи пројавиле интерс за овој проект кој е особено значаен за развој на туризмот на градот Охрид и за продолжување на туристичката сезона не само во летните туку и во зимските месеци“, наговестува Бакрачески.

 Агенцијата за имплементација при (АД МЕПСО) ја изработи потребната документација за изгледот на одмаралиштето во НП „Галичица“. Бакрачески се надева дека огласот ќе предизвика интерес и кај  други реномирани компании кои ќе  инвестираат во зимскиот центар.

ski centar Galicica

„ Претходно се изработени физибилити студија за скијачкиот ценатр , како и мастер план со 8 можни сценарија околу инвестициите во скијачкиот центар“,  кажа  охридскиот градоначалник.

Огласот за скијачкиот центар ќе трае до крајот на август. Потоа се очечува да се преговара со инвеститорите. Крајна фаза ќе биде изработка на тендерска документација од која ќе произлезе конечната инвестиција во проектот скијачки центар на Галичица.

{loadposition content9}