Skip to main content

Се бара место за дислокација на охридскиот пазар

Се бара место за дислокација на охридскиот пазар.

 |  Валентина Неловска  | 
пазар
пазар

Закупците на тезги во охридскиот пазар се во неизвесност.  Со најавите за изградба на современ градски пазар меѓу тезгаџиите се почесто е прашањето каде ќе биде организиран привремениот пазар. Тие ги искажуваат своите претпоставки која би била најдобрата локација каде што ќе ги продаваат своите производи. Пазарџиите и граѓаните имаат свои желби и претпоставки за тоа каде е најдобро времено да се организира градски пазар. Пазарџиите се за локација кај новата автобуска станица, а купувачите се за пазар во центар.

Една од локациите за која во моментов се нагаѓа дека ќе биде избрана е сегашниот паркинг  простор со кој стопанисува јавното претпријатие во непосредна близина на пазарот. Но, во меѓувреме додека се избере најсоодветната  локација на која ќе бидат сместени тезгите  во ЈП „Градски пазар“ се подготвува техничката документација за градење.
пазар

Од ЈП „ Градски пазар“ смируваат закупците на тезги во никој случај нема да бидат оставени без егзистенција. Најсоодветната локација сеуште не е позната но ќе се бара најдоброто решение и за продавачите на пазарот и за купувачите.

В.Д директорката на ЈП „Градски пазар“, Виолета Цепенковска, информира дека изработката на физибилити студија за новиот пазар е во тек. Таа треба да покаже кој е најекономичен модел за избор на јавно приватно партнерство. По нејзиното завршување ќе се избира и  најповолниот инвеститор. Дури по завршувањето на тендерската постапка ќе се знае изгледот на современиот пазар дали ќе биде од затворен или отворен тип. Според динамиката на подготвување на документацијата по се изгледа изградбата на пазарот нема да биде како што што беше најавувано во декември годинава  туку во првата половина од следната 2014 година.  

{loadposition contenmt9}