Skip to main content

Се бара начин да не згасне дејноста кајчар

 Се бара начин да не згасне дејноста кајчар.

 |  Валентина Неловска  | 
kajcina

kajceЗаконската недореченост која се заканува да ја збрише дејноста кајчар ќе се најде пред пратенците. Градоначалникот Никола Бакрачески денеска се сретна со претставници од охридските кајчари на нивно барање.  На средбата присуствувале и претставици од Државниот пазарен иснпекторат и секторот за ТЛЕР.  Се бара начин да не згасне дејноста кајчар, препознатливиот охридски бренд, напоменуваат од  Локалната самоуправа. Во текот на денешниот ден е доставено барање до  министерството за економија за измени и надополнување на законот за туристичка дејност за да се реши во моментов спорната дејност на кајчарите.

„Со цел дејноста на кајчарите  да биде законски  решена  и да има  законска поткрепа  нивата работа.С е разбира дека ова не преку ноќ решение, но може со континуирано залагање да се реши статусот на оваа група граѓани“, напоменува Џамтоски.

kajceПреговорите се во тек, вели и Ѓорѓи Бошалески  раководител на Пазарниот инспекторат од Охрид. Во моментов има добра волја од инспекторатот да се реши нивниот статус.
Постои надеж предлог измените да се најдат пред пратенците во Законодавниот дом пред почнување на летните одмори.  Утре во  Охрид, на средба со кајчарите и градоначалникот Бакрачески доаѓа директорот на Државниот пазарен инспекторат Кирил Миноски.