Се чека донесувањето на урбанистичкиот план за охридската УЗ Даме Груев
Се чека донесувањето на урбанистичкиот план за охридската УЗ Даме Груев .
Жителите од урбаната заедница 6 точка 1 опфат 2 го очекуваат донесувањето на урбанистичкиот план за оваа урбана заедница. Независниот советник Љупчо Настоски во име на граѓаните од оваа урбана заедница Даме Груев прашува до каде е постапката.
„Овој план се подготвува подолго време некаде 6 години и до денес нема информација до каде е неговото изготвување“, напоменува при тоа Настоски.
Од локалната самоуправа се согласуваат дека граѓаните се интересираат за постапката за деталните урбанистички планови. Изработката на урбанистичкиот план е наш приоритет и ние интензиво работиме на негово изготвување, напоменува секретарот на општината Димитар Спасески.
„ Точно е дека долги години се влече овој план. Генерално проблемот на овој план е законската регулатива со што законот за градба предвидува едни одредби, а во рамките на нацртите немаше обид за зголемување на можностите за градба. Во рамките на секторот за урбанизам е решено и постапено па очекуваме во најскоро време да ги доставуваме до Министерството за транспорт и врски и да добиеме согласност“, појаснува Спасески.
Спасески напомена дека донесувањето на овој план за урбаната заедница 6 точка еден опфат 2 е еден од трите најприоритетни планови за општина Охрид.