Се чека првото бебе во Охрид
Годинава во Охрид започна без принова. На одделението за гинекологија при општа болница сеуште се чека првото новороденче во Новата 2016 год.
Годинава во Охрид започна без принова. На одделението за гинекологија при општа болница сеуште се чека првото новороденче во Новата 2016 год.
Меѓутоа охриѓанка се породила во Струга, па така првото охриѓанче според информациите од Општа болница во Струга е родено на ова одделение.
За разлика од Охрид, соседна Струга, годината ја започна со 5 новороденчиња. Првото родено е во 6 часот и 55, машко дете со тежина од 3 150 грама. Според народните кажувања ако прво родено во новата година е женско, годината ќе биде бериќетна. Како ќе биде тоа годинава допрва ќе видиме.