Генерално чистење на улиците „Галичица“, „Лазо Трпоски“ и „8-ми Септември“
Деновиве екипите на јавна хигиена спроведуваат активности за темелно чистење на тротоарите од улиците „Галичица“, „Лазо Трповски“ и „8-ми септември“. Се отстранува ниската дива вегетација од тротоарите, се чистат граничниците и се подига расфрланиот ситен комунален отпад – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.