Се чисти колекторскиот систем кај Грашница
Метални капаци, асфалт, песок, камења и корења се извадени од колекторскиот цевковод во населбата Воска. Пред стартот на летната созона се чисти колекторскиот систем. Се чисти системот од зачепување најкритичната точка на овој дел од крајбрежјето, информира Владимир Алексијески, директор на државното претпријатие Колекторски систем. Екипата на „Еко тим“ работи на критичните точки каде што има чести излевање на отпадни води. Најчесто во системот завршува отпад кој не му е место во цевководот, а несовесни граѓани фрлаат секаков вид на отпад. Со специјална машина се обидуваа да отстранат и голема карпа заглавена под фудбалскиот стадион „Грашница“, покрај чистењето на цврстиот отпад и градежен шут.
„Во моментов се работи на дислокација на голема карпа од колекторскиот цевковод. Таа се наоѓа на 85 метри од едната до другата шахта. Преку 50 проценти ја зачепува цевката од колекторскиот систем. Се надевам дека ќе успееме да ја извадиме карпата која го намалува протокот на цевководот, кажува Алексијоски.
Во населбата Воска ќе се чистат 400 метри од колекторскиот систем. На потегот каде што се чисти колекторскиот систем има оптоварување и од атмсоферска вода. Во моментов, во фекалната канализација кај стадионот Грашница се влева 20 литри во секунда чиста атмосферска вода. Тоа не носи само оптоварување на системот туку и непотребно се троши скапа електрична енергија, напоменува директорот на ДЈП Колекторски систем. Со чистење на цевководот од цврстиот отпад не се решава целосно проблемот. Алексијоски напоменува дека е потребно општината да преземе по студиозно решение за проблемот.
„Со оваа постапка ќе ја зголемиме проточноста на цевководот. Но, се додека атмосферските води и големите количини чиста вода се влеваат во системот ќе го оптоваруваат протокот. Доколку во целост не се одвојат од нашиот цевковод, проблемот ќе постои“, вели Алексијоски.
Охрид има само 20 проценти одвоена атмосферска каналиција од фекаланата мрежа. Алексијоски посочува дека фекалната и атмосферската канализација се мешаат насекаде низ градот. Во моментов во функција се сите 9 препумпни станици во градот и приградските населби.