Во сабота свечено ќе биде отворена 39 та Интернационална колонија Дебрца 2024. Годинава на неа ќе творат 11 домашни и странски ументици. Инспирација ќе црпат од убавините на Дебрца, манастирите,црквите, природата, блатото Сини Вирој ….. Уметниците ќе прошетаат и низ Стариот дел на Охрид и манастирот Свети Наум.
„На свеченото отворање предвидено е да се направи ретроспектива на минатогодишните дела и ументиците кои твореа минатата година.Нови мотиви на овогодинешната манифестација ќе биде создавање на нови парадигми врз база на минатото. Уметниците е предвидено да црпат инспирација од дебрца, Манастирот Сите Свeти, белчишкото блато Сини Вирој исто и од охридските мотиви, како што естар град Охрид, манастирт Свети Наум и други дестинации” , вели Мартина Целеска претседател на здружението.
Интернационалната уметничка колонија „Дебрца”располага со најбогат фонд уметнички дела во земјава има над 700 ликовни дела од врвни уметници од Македонија и светот што претставува, непроценливо македонско и светско културно наследство, тие се чуваат во галеријата во село Белчишта.
„Галеријата се наоѓа во Белчишта, во старото училиште, во кое што во минатото учел основоположникот на галеријата односно мојот дедо Ѓоргија Целески, за жал тој минатата година не напушти. Целта на минатогодишната колонија беше официјално предавање но за жал не го дочека тој момент, но јас сум горда што токму јас бев неговиот избор за продолжување на неговата 38 годишна традиција. Од секаков аспект е значајна оваа колонија, пред се од културен апсект таа е значајно културно анследтсво со непрекинлива 38 годишна традиција преку дружба уемтниците добиваат иснпирација и творат секој од нив остава најмалку две дела”, додава Целеска.
И годинава се очекува уметнчките дела кои ќе ги осварат авторите да го збогатат фондот на галеријата во Белчишта, организаторите најавија дека во текот на годината ќе бидат организирани изложби.
Новинар Соња Рилковска