Skip to main content

Се интензивира процесот за изградба на нова училишна зграда на ООУ „Братство Единство“

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков денеска во седиштето на Турската агенција за соработка и координација –ТИКА во Скопје присуствуваше на работен состанок во врска со интензивирање и динамизирање на процесот за изградба на нова училишна зграда за ООУ „Братство Единство“ во непосредна близина на „Крст Џамија“.

 |  Голабовски Крсте  | 

Градоначалникот Пецаков ја истакна заложбата и посветеноста на Општина Охрид за конечна реализација на овој проект. Воедно изрази жалење за застојот во активностите, пред се поради досегашната непосветеност на локалната самоуправа за конечна реализација на овој значаен проект.

Претставниците на ТИКА изразија задоволство од преземените активности на градоначалникот Кирил Пецаков, при што беше договорено да се продолжи со понатамошниот тек на активностите, во насока на обезбедување на потребната документација и издавање на одобрение за градба од страна на Општина Охрид. Исто така, во текот на наредниот период ќе се пристапи кон финализирање на проектната документација од страна на ТИКА. Потребно е да се направи нова предмер пресметка, согласно новите цени на пазарот и да се побара финално одобрување од Република Турција за оваа важна инвестиција.

Проектот предвидува комплетна изградба и опремување на нова училишна зграда и изградба на нова спортска сала. Новиот училишен објект ќе обезбеди значително подобрени и посовремени услови за одвивање на наставата и поквалитетен образовен процес.

На денешниот состанок и двете страни изразија надеж дека со посветена работа овој проект ќе биде успешно реализиран во Општина Охрид.