Се интензивираат работите на реконструкцијата на административната зграда на општина Дебрца, во село Белчишта/ 2 фаза.
Во оваа фаза ќе се реконструира големата сала,која ќе се преуреди во мултифункционален простор за одржување на собири,трибини,свечености и други настани, информираат од општина Дебрца.
Ќе се реконструираат долниот спрат и санитарните чвори,административните простории,како и фасадата од северната и западната страна и други активности.
Вредноста на работите изнесува околу 5,5 милиони денари, а средствата се обезбедени преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион, Програма за рамномерен регионален развој за 2024 година.